Италија е влезена во црвена зона кога е во прашање опасноста од Коронавирусот. Од вчера стапи на сила забраната за одржување на секакви спортски настани до 3 април. Во земјата владее препорака дека не смее да се излегува надвор освен ако луѓето треба да одат на работа или на лекар.
Поради овие ригорозни препораки и скратувањето на просторот за движење, луѓето масовно се упатуваа кон супермаркетите да се снабдат со основните намирници за живот. Голем дел од супермаркетите не можеа да ги примат сите купувачи, па пред маркетите се создаваше и голема редица на луѓето кои трпеливо чекаа.
Во редот на оние кои чекаат да пазарат, во Неапол беа забележани ѕвездите на Наполи, Фернандо Љоренте, Хозе Калјехон и Давид Оспина. Маскирани да не бидат препознаени, тие трпеливо стоеја и чекаа во редот за да ги купат потребните намирници.
Fernando Llorente, José María Callejón y David Ospina fueron pillados anoche saliendo a comprar a un Carrefour 24H de Nápoles ante la recomendación del Gobierno de quedarse en casa. #RestateACasa pic.twitter.com/mry9Cw79ZG
— Soy Calcio (@SoyCalcio_) March 10, 2020
Во Италија бројот на заразени е преку 9.000, а има речиси 500 смртни случаи.