Фудбалско ремек-дело: „Шкорпион“ гол кандидат за најдобар во годината (Видео)

Нотс Каунти со 3:1 го победи Оксфорд сити во меч од ФА Трофејот, а дуелот ќе се памти по еден од најнеобичните погодоци постигнати годинава не само во Англија, туку и во светот.

Во 73 минута, при резултат 1:1, по еден центаршут, Елиш Сем реагираше фантастично и со петица од зад грб успеа не само да ја удри топката, туку и да погоди во противничката мрежа, односно со популарно наречениот „шкорпион удар“. За Сем тоа беше втор погодок на мечот и беше најзаслужен за победата на неговиот тим.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести