Откако повторно почна да се игра фудбал, се изнагледавме убави голови низ Европа, а вчера во Коруња падна гол кој е блиску до она што се нарекува фудбалско совршенство. Депортиво направи феноменална акција на мечот со Уеска, имаше тука и додавање со пета, одличен центаршут како со рака, а завршницата беше супер атрактивна, Кристијан Сантос даде гол со акробатски потег, еден вид ножички.
Погледнете го уметничкото дело на тим кој се бори за опстанок во втората шпанска лига: