Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го доживеа вториот пораз во новата сезона од Лигата на шампионите. На првиот меч во Битола, бундеслигашот Фуксе Берлин не дозволи да се создаде преголема еуфорија и славеше со 22-30.
Германците по првото полувреме обезбедија шест гола предност (9-15), благодарејќи на цврстата одбрана и добрите одбрани на Дејан Милосављев кои придонесоа за „црна дупка“ кај Пелистер во период од 13 минути, кога буквално не постигнаа ниту еден гол.
Еурофарм Пелистер добро се држеше до резултат 8-10, но потоа Фуксе Берлин го засили темпото, нанижа пет гола во низа, а Манасков на крајот постигна погодок за конечни 9-15 по првото полувреме.
Во вториот дел, разликата се искачи и на девет гола негатива, а на крајот Фуксе Берлин го комплетира мечот со триумф од 22-30.
Андерсон постигна седум гола, а Гидсел беше стрелец на шест во тимот на Фуксе Берлин. Милосављев имаше 14 одбрани.
Кај Пелистер, Радивојевиќ постигна пет гола, а Кузмановски еден помалку.