Фулам беше рутина за шампионот на Англија

Шампионот Манчестер сити повторно е лидер во Премиерлигата, по рутинската победа против Фулам од 2:0. Гостите лесно ги разрешија сите дилеми околу победникот и тоа за само 27 минути.

Бернардо Силва и Серхио Агуеро си асистираа за по еден погодок, а мрежата на Фулам се тресеше во петтата и 27. минута.

Манчестер сити апсолутно доминираше на „Кревен Котиџ“ и рутински ги освои бодовите, со кои се врати на врвот. Шампионот има 77 бодови, еден повеќе од Ливерпул, а двете екипи имаат одиграно по 31 меч и имаат уште седум дуели до крајот на првенството во битката за титулата.

Фулам има се помалку шанси за опстанок и остана на 17 бодови, цели 13 зад Барнли и Саутемптон кои се првите екипи над зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести