Фулам без Митровиќ тешко до прекинување на црната серија која трае 17 години

3705 Фиорентина – Сампдорија (18.00 часот)

Ова е осминафинале на Купот на Италија и за Фиорентина е прв меч во ова натпреварување сезонава бидејќи се приклучува сега, додека Сампдорија во октомври мораше да го победи Асколи (го елиминираа дури на пенали) за да игра осминафинале. Средбата се игра во Фиренца и, секако, домашните се фаворити. Овие два тима во првенството се сретнаа на 6 ноември во Џенова, Виолетовите победија со 2-0, а традицијата на меѓусебните дуели на „Артемио Франки“ вели дека од 2015 наваму секогаш двата тима даваат гол.

Предлог тип: 1-3I & 1-3 II (1.82)

 

1323 Бетис – Барселона (20.00 часот)

Победникот од овој двобој ќе игра финале на шпанскиот Суперкуп против Реал Мадрид. Бетис е актуелен освојувач на Купот на Шпанија, додека Барса на Суперкупот се најде како вицепрвак. Дуелот се игра во Ријад, Саудиска Арабија, а според квотите, фаворити се Каталонците. Викендов двата тима победија во првенството, а традицијата вели шест години немало нерешен исход во меѓусебните дуели на овие екипи. Голови сигурно ќе има, типуваме барем на три, од кои најмалку еден во првиот дел.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.81)

 

2873 Ројал Унион С.Ж. – Гент (20.45 часот)

Куп се игра и во Белгија, и тоа четвртфинална фаза. Во осминафиналето, двата тима даваа по два гола. Ројал Унион е во подобра форма, во првенството има четири победи и едно реми во последните пет кола, додека Гент доби само два од последните пет меча во лигата. Ројалистите се домаќини, но ова е куп и изненадувања се можни. Гент уште нема дадено гол против Ројал Унион на трите меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.83)

 

1001 Фулам – Челзи (21.00 часот)

Фулам има три победи по ред во Премиер лигата, Митровиќ е во страшна форма, но вечерва нема да игра поради суспензија, а Челзи бара излез од кризата. Ова се два лондонски тима чии фанови се ривали, па мотивацијата ќе биде голема на двете страни. Фулам има три бода повеќе од Сините, а има и многу поефикасен напад од нив, но и полоша одбрана. Кај Челзи има огромен број на повредени, но традицијата ги фаворизира. Последната победа на Фулам над Челзи била пред 17 години.

Предлог тип: 2 (2.15)

 

3706 Рома – Џенова (21.00 часот)

Тренерот на Рома, Мурињо, сака вакви мечеви на елиминација, а дополнителна олеснителна околност за Волчицата е што игра дома во осминафинален куп-дуел против второлигашот Џенова. Џенова на последните три средби против Рома немаше дадено гол, Мурињо ќе сака да ја продолжи низата без примен гол против џеновјаните. Не треба да очекува голеада, но единицата е извесна.

Предлог тип: 1 & 2-3 (2.95)

 

 

- Оглас -

Најнови вести