8.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Фулам ги олади надежите на Арсенал за титула, луда завршница на трите меча од Премиер лигата

Трети натпревар по ред Арсенал не успева да го победи Фулам во меѓусебните дуели, а денешните 1-1 на „Крејвен котиџ“ може скапо да ги чинат Топчиите во трката за титулата во Премиер лигата.

После овој кикс, Арсенал има 6 бода помалку од Ливерпул, а Црвените имаат и еден меч помалку, па разликата може да стане и поголема.

Во 89-та минута Букајо Сака даде гол за Арсенал за 2-1, но по прегледување на снимка, голот беше поништен поради офсајд на асистентот Мартинели.

Голема драма имаше и на другите два меча кои се играа попладнево.

Лестер со голови во 86-та и 91-ва минута од 0-2 дојде до 2-2 и бод против Брајтон и Руд Ван Нистелрој остана непоразен како менаџер во Англија, а Борнмут во 88-ма и 95-та минута даде голови за победа на гости кај Ипсвич од 2-1. Така Ипсвич кој 22 години чека домашна победа во Премиер лигата, испушти голема шанса за прекинување на овој долг пост.

- Оглас -

Најнови вести