Фудбалерите на Фулам приредија изненадување на последниот ден од 2023 година, го совладаа градскиот ривал Арсенал 2:1.
Поразот на Арсенал значи дека Топчиите 2023 година нема да ја завршат како лидери на табелата во Премиер лигата туку тоа ќе биде Ливерпул.
Ливерпул и Астон вила имаат по 42 бода, но поради победата од 3:0 во меѓусебниот дуел, Црвените во 2024 година ќе влезат како лидери на табелата. Арсенал пак со поразот остана на четвртото место со 40 бода колку што има и Манчестер сити.
Мечот почна одлично за Топчиите бидејќи во петтата минута го отворија резултатот со голот на Букајо Сака.
Но, Фулам успеа да направи пресврт и да дојде до победата. До крајот на првиот дел, Раул Хименес го израмни резултатот, а Боби де Кордова-Рид во 60-та минута ги шокираше Топчиите.
Во последниот меч во 2023 година во Премиер лигата, Тотенхем со 3:1 го победи Борнмут и остана во трката за титулата. Петлите 2023 година ќе ја завршат на петтата позиција со 39 бода, три помалку од лидерот Ливерпул.
#Tottenham #sarr
sarr goal!!!! pic.twitter.com/f1DYC5AMg6— algetni (@algetni) December 31, 2023
Победата на Тотенхем ја обезбедија Папе Сар кој во деветтата минута го отвори резултатот, Хјонг-Мин Сон кој во 72-та минута зголеми на 2:0, а Ришарлисон ја завери победата. Во последните моменти од мечот, Борнмут преку Скот постигна почесен гол.