Фулам го враќа ексиграчот на Челзи и Арсенал во Премиер лигата

Искусниот крилен офанзивец Вилијан Боржес кариерата веројатно ќе ја продолжи во Фулам. Ексѕвездата на Челзи и Арсенал е пред враќање во Премиер лигата откако го раскина договорот со Коринтијанс и би можело повторно да игра за лондонски клуб.

Бразилецот моментално тренира со екипата која ја води Марко Силва и се чини дека наскоро ќе му биде понуден договор на една година. Искуството на Вилијан ќе биде добредојдено во клубот, со оглед на тоа дека примарна цел на Фулам е да опстане во Лигата, а Вилијан своевремено се бореше за титули на Островот.

Со Челзи двапати беше шампион во Премиер лигата, а 34-годишниот Вилијан зад себе има и титула од Лигата на Европа, со уште по еден трофеј во ФА купот и Лига купот на Англија.

- Оглас -

Најнови вести