Фулам го врати Раниери во Премиер лигата

Фулам и официјално се раздели со Славиша Јокановиќ, а за нов менаџер на екипата го назначи Клаудио Раниери. Експредводникот на Лестер повторно се врати во Премиер лигата, потпишувајќи повеќегодишен договор со Фулам.

„Околностите беа такви што моравме да реагираме за доброто на клубот, но не сакавме да брзаме во одлуката додека не добиеме адекватна замена. Потребен ни беше стратег кој добро ја познава оваа лига и е подготвен да го прифати предизвикот. Таков човек најдовме во Клаудио Раниери“, истакна сопственикот на Фулам, Шахид Кан.

Италијанскиот стратег по пауза од една и пол година, повторно се враќа на сцената во елитниот англиски шампионат. Сите ја паметат сезоната 2015/16, кога со Лестер направи чудо и ја освои титулата во Премиер лигата, а набрзо потоа се пресели во Франција, каде што го водеше тимот на Нант. Без многу успех, Раниери не се задржа долго во француското првенство, а сега пред него е тежок предизвик, да го спаси Фулам од испаѓање.

По 12 одиграни натпревари, Фулам е на дното на табелата со освоени пет бода, а следен противник на лондонскиот тим ќе му биде Саутхемптон на „Крејвен котиџ“, во рамките на 13-тото коло.

- Оглас -

Најнови вести