Екипата на Фулам го втурна во уште поголема криза поранешниот шампион на Англија, Лестер, откако го совлада денес со 5-3. Голеадата започна со три погодоци за домашните во првото полувреме, кои беа дело на Вилијан, Карлос Винисиус и Керни.
Гледачите во вториот дел имаа можност да видат уште пет погодоци. За Фулам стрелаа Керни и Вилијан, додека поразот за Лестер го ублажија Барнс со два погодоци и Медисон со еден.
Фулам останува во средината на табелата со 48 бодови, додека Лестер останува во долниот дел со 30 поени, колку што имаат и Лидс и Нотингам.