Фулкриг со хет-трик ги однесе Милионерите пред Елмас и Лајпциг

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со 3:1 го совладаа Бохум во последниот натпревар од 19-то коло во Бундеслигата притоа постигнувајќи ги сите четири гола.

Милионерите кои остварија две победи по ред во Бундеслигата, на најдобар начин ги искористија двата порази на тимот за кој потпиша Елиф Елмас, Ред Бул Лајпциг, во 2024 година и со 36 бода, го прескокнаа на табелата и се искачија на позицијата која води во Лигата на шампионите. Херој на Милионерите беше Никлас Фулкриг кој оствари хет-трик.

Борусија поведе со голот на Никлас Фулкриг во седмата минута од пенал, а во последната минута од првиот дел, Шлотенберг ја затресе сопствената мрежа за 1:1.
Но, Фулкри во вториот дел постигна уште два гола за хет-трик и победа на Борусија Дортмунд која ја искачи на четвртото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести