Актуелниот светски првак Шпанија тргна со лесна победа на гостувањето кај Романија со конечни 84:71 во евроквалификациите. Црвената фурија до победата стигна освојувајќи ги сите четири периоди со просек од 20 поени, додека тимот на Скариоло го предводеа Дани Диес со 21 поен и Себастијан Сајс со дабл-дабл од 17 поени и 10 скока.
Словенија испушти да се радува во Унгарија во последната минута од натпреварот и загуби со 77:75. Европскиот првак беше во резултатска предност сè до последните моменти од средбата, а потоа домаќините влегоа во серија од 8-2 и со слободните фрлања на Перл на 4 секунди до крајот го запишаа значајниот триумф.
Ален со 16 поени беше најрасположен кај Унгарците, по 15 дадоа Перл и Војвода, додека Блажиќ со 18 поени заврши како најефикасен од редовите на словенската селекција.
Србија славеше во Финска со убедливи 80:58, Грузијците на продолженија ја добија Швајцарија со 96:88.