Еибар не успеа и во шестиот обид да ја забележи првата победа на гостувањата кај Севилја, иако имаа чиста ситуација за да ги освојат бодовите.
Гостите водеа со 2:0 со головите на Орелјана и на Шарлс, имаа и играч повеќе откако беше исклучен Банега кај Севилја и сепак не и се радуваа на победата.
Висам Бен Једер со гол во 88. минута ги разбуди надежите на Севилја деке можат да се спасат од пораз, а за реми се погрижи Пабло Сарабија со погодок во 93. минута.
Во петте претходни гостувања на „Санчез Писхуан“ Еибар имаше пет порази, а ова им е прво реми, иако беа многу блиску до прв триумф.
Севилја остана на четвртото место, сега со 37 бодови, додека Еибар со 30 бодови е десетти во Ла Лига.