Вардар на свој терен во „Јане Сандански“ го доби дербито против Охрид, победувајќи со 29:26, во 10 коло на ракометната Суперлига. По оваа победа Црвено-црните се издвоија на второто место на табелата со девет победи и само еден пораз, тој од лидерот Алкалоид, кој е перфектен со 10 победи.
Вардар водеше со 14:11 на полувремето против Охрид, но гостите не се предадоа и со одличен старт во вториот дел поведоа со 15:14. Уште неколку пати Охрид имаше предност, најмногу со два разлика (20:18).
Во финишот на дуелот се влезе со нерешен резултат 24:24, а тогаш вардарци одиграа одлично. Со серија од 3:0, домаќините поведоа со 27:24, а потоа беше и 29:25, па победникот беше решен.
Во останатите два меча кои се играа вечерва, победуја гостите. Еурофарм Пелистер славеше кај Бутел со 29:24, а Тинекс Пролет беше подобар на теренот кај Радовиш со 28:20.