Македонија одлично го почна квалификацискиот меч со Турција во Ван и со 9 гола по ред најави дека е голем фаворит за втора победа на патот кон настап на Европското првенство во 2024 година.
Поведовме со 9:0 и нападот функционира солидно, а одбраната е бетон и феноменалниот Никола Митревски не прими гол цели 13 минути од стартот на мечот, а имаше пет прекрасни одбрани.
Турците имаа и седмерец за прв гол, но Мартин Томовски км го одбрани, па моментно е 9:1 за нас по 14 минути игра.
Македонија ако ја победи Турција ќе биде многу блиску до пласман на ЕП во 2024, иако сме на самиот старт на квалификациите во група уште со Португалија и Луксембург.
Во првото коло во Скопје го декласиравме Луксембург со 14 гола разлика, а добро е што на ЕП ќе одат двете најдобри од секоја група, а шанса има и третопласираната репрезентација.