Фуриозната Шпанија го натера Ван дер Варт да си го прегризе јазикот

Рафаел ван дер Варт, поранешната холандска ѕвезда, мораше да ги повлече критиките кои ги упати кон шпанската репрезентација пред неколку дена.

Ексфудбалерот на Реал Мадрид без влакна на јазикот истакна дека Црвената фурија игра ужасно и посакуваше Лалињата да се сретнат со Шпанците во нокаут-фазата бидејќи би биле „лесни“ противници, но потоа составот на Луис Енрике ја здроби Словачка со 5-0 во последното коло од групната фаза со 5-0 и се пласира во осминафиналето.

Сега Ван дер Варт преку „Твитер“ се огласи дека неговите критики ја мотивирале шпанската селекција.

„Се чини дека моите зборови проработеа како мотивација за Шпанија. Добра партија и честитиски за пласманот во нокаут-фазата“, напиша Холанѓанецот.

https://twitter.com/rafvdvaart/status/1407775024237498372

Холандија ќе се сретне со Чешка во осминафиналето на 27 јуни , додека Шпанија ќе ги одмери силите со Хрватска еден ден подоцна.

- Оглас -

Најнови вести