Фудбалерите на Ливерпул имаат сигурно водство од 2:0 по првото полувреме во дуелот со Астон Вила.
Црвените стандардно кога играат на „Енфилд“, фуриозно го започнаа мечот и веќе во третата минута поведоа со голот на Доминик Собослаи со одличен шут од 16-тина метри. Голот на Собослаи кој стана четвртиот унгарски фудбалер кој ја тресел мрежата во Премиер лигата може да го видите ТУКА.
На средина од првиот дел, Ливерпул зголеми на 2:0 со автоголот на Кеш кој во обид да ја исфрли одбиената топка по шутот на Дарвин Нуњес, ја смести во сопствената мрежа. Голот може да го видите ТУКА.