Фурние го брани Гобер: Хајката против него беше одвратна

Еван Фруние го брани соиграчот од француската репрезентација Руди Гобер, кој беше посочен како главен виновник за хаосот што се случи на 11-ти март, кога беше и прекинато натпреварувањето во НБА-лигата.

Гобер беше првиот кошаркар од најсилната кошаркарска лига на светот што се зарази со опасниот вирус, а вистинска драма се случуваше непосредно пред мечот меѓу Јута џез и Оклахома сити тандер.

На загревањето стигна информација дека Гобер има Коронавирус и мечот беше одложен, а веднаш потоа и целата сезона беше откажана на неодредено време.

„Навистина ми е жал што на некој начин Руди стана синоним за Коронавирусот. Однесувањето на луѓето кон него беше одвратно. Многу безобразно беше што го објавија неговото име. Еве гледаме дека има екипи, како што се на пример: Лејкерс и Филаделфија, кои исто така имаат заразени кошаркари од Коронавирусот и не ги објавија имињата. Имаше многу омраза и чудно однесување кон Гобер“, изјави Фурние за француски Л`Екип.

Гобер и Фурние се соиграчи во француската репрезентација и ривали во НБА-лигата. Руди е центар на Јута џез, а Еван игра на позицијата бек-шутер во Орландо меџик.

- Оглас -

Најнови вести