Футсал репрезентацијата дури без седуммина на следните два меча

Македонската футсал репрезентација утре против Босна и Херцеговина (19 часот, во Скопје) и на 14 април против Романија во Темишвар ослабена и некомплетна ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Васко Скендеровски за претстојните два меча нема да смета на Иван Крстевски, кој е суспендиран, а поради повреди или ковид-19 ограничувања во составот на македонската репрезентација нема да бидат ни Александар Глигоров, Даниел де Соуса, Еркан Сефери, Садат Зибери, Игор Леовски и Адријан Мицевски.

Драган Петровиќ и Дарко Ранготов се вклучени на подготовките, но нивниот настап е неизвесен поради повреди. Во составот на Скендеровски, дури петмина се дебитанти.

Голмани: Антонио Петровски (Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи).

Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина), Берат Рамадани (Арбен Бајрами).

Напад: Иван Крстевски (Проект Цико), Дарко Ранготов (Проект Цико), Мартин Тодоровски (Проект Цико), Џокица Џо Арсовски (Штутгартер 2020), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Петар Даиловски (Велес), Александар Михајлов (Проект Цико), Сами Аљиљи (Велес), Јовица Марковски (Астибо).

„Се соочуваме со огромни проблеми во однос на играчкиот кадар, но ова е објективната ситуација и мораме да ја прифатиме. Ќе биде исклучително тешко на овие два натпревари. БиХ веќе и теоретски го обезбедиј своето учество на ЕП, без императив доаѓа во Скопје, но тоа е силна репрезентација и секако во вакви околности фаворит против нас. Имаме пет дебитанти во тимот и тоа е добра можност за нив да ја почувствуваат атмосферата во репрезентацијата и да се потрудат да остават позитивен впечаток. Ни преостанува да се бориме до крај и да ја искористиме шансата за добар резултат доколку ни се укаже“, изјави селекторот Скендеровски.

- Оглас -

Најнови вести