Футсал репрезентацијата на Македонија доживеа пораз (1-5) од европскиот првак Португалија во квалификациите за ЕП. На дуелот во СЦ „Јане Сандански“, селекцијата на Васко Скендеровски почна одлично и успеа да поведе со голот на Рамадан во деветтата минута.
Сепак, потоа доминираше Португалија. Сантос израмни во 11-та минута, а до крајот на првото полувреме погодоја и Матос и Невеш.
Во второто полувреме Варела постигна два гола за две минути и го постави конечниот епилог на натпреварот.