Македонија загуби од Словенија со 1-6 на стартот на квалификациите за Светското првенство во футсал. Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, нашите футсал-репрезентативци поведоа со 1-0, но гостите со два гола направија пресврт и дојдоа до водство до крајот на првото полувреме, додека во вториот дел само ја зголемуваа предноста, па на крај триумфираа убедливо и ја извојуваа можеби клучната победа во овој циклус.
Во вториот натпревар од нашата група, Украина го надигра Косово со 7-1. Утре од 17.30 часот, македонската репрезентација има дуел со Косово, а последниот меч за „црвено-жолтите“ е в недела, од 17.30 часот против силната Украина која заедно со Словенија се фаворити за пласман на Мундијалот во овој спорт.