Фудбалерите на Фламенго се нови победници во Копа Либертадорес, откако во финалето го совладаа Атлетико Параненсе со 1:0.
Пред три години Фламенго се искачи на врвот на Јужна Америка, а потоа Палмеирас две години по ред го чуваше шампионскиот пехар во своите витрини, а минатата година токму против Фламенго ја одбрани најважната континентална титула.
Но, Фламенго се врати на кровот на Јужна Америка откако во Гвајакил го победи Атлетико Параненсе и на најдобар начин го заокружи можеби најуспешниот период на клубот, бидејќи за три години освоија две титули во Копа Либертадорес, а имаат и две во бразилската Серија А, два Суперкупа на Бразил, три Кариока и Рекопа трофеи.
Херој на Фламенго беше играчот што не се прослави во Европа, Габриел Барбоса Габигол. Тој единствениот гол го постигна во четвртата минута од судиското продолжение во првиот дел.
На Фламенго му беше олеснета работата до крајот бидејќи играчот на Атлетико, Педро Енрике доби втор жолт картон и беше исклучен уште во првото полувреме.