Екипите на Арсенал, Њукасл и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп, каде што последниот патник ќе се чека по дуелот меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед, кој се игра в четврток.
Арсенал на полувремето губеше со 0:1 од Кристал палас, и тоа по кикс на одбраната на Топчиите, но потоа се случи пресврт во второто полувреме. Се разигра Габриел Жесус, кој постигна хет-трик, па домаќините поведоа со 3:1, па до крајот на дуелот Кристал Палас даде втор погодок, но не успеа да се спаси од пораз.
Њукасл немаше никакви проблеми против Брентфорд и победи со 3:1. Тонали постигна два гола во првото полувреме и го најави триумфот на Њукасл, а Шаф погоди за 3:0 во второто полувреме, па во последните минути од средбата гостите постигнат почесен погодок.
На гостувањето кај Саутхемптон, фаворитот Ливерпул славеше со 2:1. Црвените поведоа со головите на Нуњес и Елиот во првото полувреме, додека Арчер донесе надеж за Саутхемптон со погодокот во 59-тата минута, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.