20.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Габриел Жезус ќе го напушти Арсенал, Тотенхем и Њукасл би сакале да го купат

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус би можело да ја продолжи кариерата во друг клуб од Премиер лигата, пренесуваат медиумите на Островот.

За 28-годишниот Бразилец интерес покажуваат Њукасл и Тотенхем, а ситуацијата околу него внимателно ја следат и Барселона, Милан и Интер.

Во сезоната 2024/25, Габриел Жезус одигра 27 натпревари, постигна седум гола и запиша две асистенции. Според податоците, неговата моментна трансферна вредност изнесува околу 32 милиони евра.

Дополнително, и бразилскиот Фламенго е заинтересиран за Габриел Жезус и подготвен е да испрати официјална понуда до Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести