Гачевски: Денеска во Кратово умре македонскиот фудбал! (Фото)

Голманот на Вардар, Филип Гачевски, преку социјалните мрежи распали по Силекс, кој не успеа дома да ја победи Воска, и со тоа да му помогне на Вардар да игра бараж за влез во прва лига.

„За нас за жал заврши сезоната како што е. Дадовме максимум труд и срце на терен. Фудбалот носи среќа и фудбалот понекогаш е суров. За жал она што се случуваше оваа сезона во Втората лига – Запад е незапамтено. Сакам да потенцирам дека однапред се знаеше сè! И за крај, денес во Кратово умре Македонскиот фудбал и фудбалската игра. Силекс Кратово, Господ е голем!! Вардар бил и ќе биде најдобар клуб во Македонија“ – напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

- Оглас -

Најнови вести