Шкендија и Вардар ремизираа без погодоци на дербито кое се играше во Тетово. Овој резултат повеќе му одговара на Вардар, кој остана лидер на табелата и сега има 20 бода од 9 кола, додека Шкендија остана на седум бода заостанување.
Тетовци беа поблиску до победата, но најзаслужен што Вардар си замина со еден бод е голманот на Црвено-црните, Филип Гачевски. Популарниот Гача успеа да ги скроти сите опасни удари на домаќините и излегуваше како победник во дуелите со Ибраими, Бејтулаи, а на крајот го одбрани и ударот на Шефити во 93 минута.
Во останатите мечеви во ова коло: Академија Пандев – Силекс 2:0, Борец – Струга Трим Лум 3:2, Македонија ЃП – Шкупи 0:0.