29.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Гаф на Арсенал: Погрешна фотографија случајно откри кое ќе биде следното засилување

Ненамерна грешка на администраторите на социјалните мрежи на Арсенал, случајно открија кое ќе биде следното засилување на „топчиите“. Наместо фотографија на Нони Мадуеке, кој штотуку потпиша за Арсенал, на социјалните мрежи се појави фотографија од фудбалерот на Валенсија, Кристијан Москера, во клупска опрема на „топчиите“ како дава интервју.

Грешката брзо беше воочена и објавата беше отстранета, но оние најбрзите успеаја да ја сочуваат фотографијата.

Според медиумите на Островот, токму Москера ќе биде следното засилување за Арсенал, а Валенсија ќе добие 14 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести