Гаф на Маунт, ја утна англиската химна (Видео)

Една од ѕвездите на англиската репрезентација, Мејсон Маунт, се збуни при пеењето на химната пред мечот со Иран.

Фудбалерот на Челзи изгледа заборави дека кралицата почина во септември и дека сега на тронот е крал, па си ја пееше старата верзија на химната која сега се вика „Господе, чувај го кралот“.

Утката на Маунт предизвика еден куп коментари на социјалните мрежи. Кралицата Елизабета владееше дури 70 години и Маунт не е навикнат на промената, па лапсусот до некаде е оправдан.

- Оглас -

Најнови вести