Гакпо е ѕвезда во подем, после СП ќе биде баран од многу гиганти

Холанѓанецот Коди Гакпо им донесе водство на Лалињата од 1-0 по првото полувреме на дуелот со Еквадор.

Фудбалерот на ПСВ Ајндховен сезонава има одиграно 28 официјални мечеви, на кои има дури 34 учества (16 гола и 18 асистенции) во головите на неговите тимови. Засега е единствен што дал гол на два меча на Мундијалот во Катар, а како тргнал, после СП или најдоцна на лето, не му бега трансфер во поголем и побогат европски клуб.

https://twitter.com/i/status/1596174882307706891

- Оглас -

Најнови вести