Гакпо: Летоска мислев дека ќе играм за Манчестер јунајтед!

Големото јануарско засилување за Ливерпул, холандскиот крилен напаѓач Коди Гакпо, призна дека бил многу блиску до трансфер во најлутиот ривал на Ливерпул, а тоа е Манчестер јунајтед.

„Летото беше тешко, многу тензичен период. Се обидов да најдам мир, но ми беше тешко. Мислев дека ќе одам во Манчестер јунајтед, но на крај тоа не се случи. Потсле тоа добив понуда од Лидс, кој е добар тим, но имав сомнежи и се прашував дали треба да потпишам со нив. Штом не бев сигурен, знев дека тоа не е добро“ – вели 23-годишниот Гакпо кој на СП во Катар даде три гола, сите во групната фаза.

Сега од него се очекува да ја пополни дупката на „Енфилд“, која остана по продажбата на Садио Мане.

- Оглас -

Најнови вести