Атлетико Мадрид сѐ уште е без пораз, но вечерва третпат ремизираше во првите шест кола од Ла Лига. Тимот на Диего Симеоне одигра 1-1 на гости против Рајо Ваљекано.
Атлетико Мадрид не успеа доволно да се опорави од дуелот во ЛШ против Лајпциг и беше видливо дека дел од фудбалерите чувствуваат замор.
Тоа го искористи Рајо и поведе со голот на Исак Паласон во 35-та минута.
Сепак, на почетокот на вториот дел, Конор Галахер успеа да израмни. Тој постигна гол во 49-та минута, на асистенција на Сорлот.