Галактичката револуција продолжува: Реал се договори и со Ериксен

Ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен, наводно ги договорил условите за преселба во редовите на Реал Мадрид. Трансферот треба да се официјалира по финалето во Лигата на шампионите, во кое Тотенхем ќе се соочи со Ливерпул, а данскиот репрезентативец би бил четврто засилување на Кралевите во летниот преоден рок.

Од претходно е познато дека Реал го купи дефанзивецот Едер Милитао од Порто, како и голгетерот Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт, додека во неколку наврати беше најавен трансферот на Еден Азар од Челзи.

Засега не се познати деталите околу договорот меѓу Ериксен и Реал, додека шпанскиот гигант треба и да најде заеднички јазик околу цената на трансферот со Тотенхем. Ериксен оваа сезона настапи вкупно на 50 натпревари во дресот на Петлите, на кои запиша 10 гола и 17 асистенции.

Данецот во 2013 година се пресели во Лондон од редовите на Ајакс, за сума од околу 13 милиони евра.

https://twitter.com/360Sources/status/1130722389967245313?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1130722389967245313&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPrimera%2Fa287256-Mediji-Real-zavrsio-i-transfer-Eriksena.html

- Оглас -

Најнови вести