По пауза од два месеци, Галатасарај се израдува на победа во домашното првенство. На „Неф“ стадион, домашните навивачи се радуваа на триумф од 2:0 против Анталијаспор.
Седум натпревари Галатасарај немаше триумф, а Фегуљи го најави денешниот триумф со гол во финиш на првото полувреме. На почетокот на вториот дел Актуркоглу со фантастичен шут од 25 метри го потврди триумфот на Галатасарај од 2:0.
По 19 кола, Галатасарај има 27 бодови и е на осмото место на табелата со дури 19 бодови помалку од лидерот Трабзонспор.