Лионел Меси наводно дал зелено светло за сензационален трансфер во Галатасарај, што би вклучувало бизарна клаузула според која Аргентинецот нема да игра на гостински терен, туку за Галата би настапил на 12 меча, и тоа само на домашен терен во Истанбул.
Иако Аргентинецот го продолжи договорот со Интер Мајами до 2028 година, тој сака да биде сигурен дека е целосно подготвен за Светското првенство во 2026 година, што би можело да значи краткорочно враќање во Европа. Турскиот гигант Галатасарај наводно е подготвен да му ги отвори вратите.
Познатиот турски фудбалски коментатор Левент Туземан тврди дека разговорите меѓу Меси и Галатасарај веќе се водени.
Проблем е Интер Мајами, кој не сака да го ослободбни Меси, а новата сезона во МЛС започнува на 21 февруари. Преодниот рок во Турција е до 6, па до крајот на работнава недела ќе се знае дали Меси ќе заигра во дресот на Галатасарај. Ако се случи тоа, турските медиуми најавуваат дека Меси на аеродромот во Истанбул ќе го чекаат милион луѓе.

