Галатасарај е старо-нов шампион на Турција, Барди и Бодрумспор испаднаа

Екипата на Галатасарај е старо-нов шампион на Турција, откако и официјално беше спуштена завесата на Супер лигата. За Галатасарај ова е 25-ти трофеј во првенството на Турција, што е рекорд откако се игра во овој формат, а тоа е од 1959 година.

Сепак, севкупно најтрофеен е Фенербахче со 28 титули, но клубот за шампионски трофеј чека од 2014 година, а не им помогна ниту ангажманот на Жозе Мурињо на клупата, па сезоната ја завршија со осум поени помалку од големиот ривал.

Бодрумспор, екипата за која настапува Енис Барди и официјално испадна од најквалитетната турска лига, откако во последното коло одигра нерешено, 1-1, против Трабзонспор. Нашиот репрезентативец беше асистент за единствениот гол на неговата екипа, кој беше постигнат во 12-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести