Галатасарај го доби дербито со Бешикташ, сега тие се лидери во Турција

Галатасарај со победата од 2-0 во истанбулското дерби против Бешикташ изби на лидерската позиција на табелата во финишот од првенството во Турција. Актуелниот шампион сега е многу поблиску до одбрана на титулата, во последните три меча ќе бидат на првата позиција со ист број на бодови (63) со Башакшехир, но подобра гол-разлика.

Онјекуру го скрши отпорот на гостите во 44-тата минута, а Фернандо во 55-тата минута стави крај на сите дилеми. Домаќините понесени од одличната поддршка од трибините ја оствари можеби најважната победа за нив во оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести