Галатасарај го победи големиот должник за пехар во Турскиот куп

Галатасарај е победник во Турскиот куп, а вечерва во Сива во финалето го победи стариот должник Акхисарспор со 3:1, во меч со многу нервоза.

Аутсајдерот повторно беше на добар пат да го изненади Галатасарај, како што тоа го стори лани, во полуфиналето на истото натпреварување, имаше предност од 1:0 до 80-тата минута, но потоа прими 3 гола и мораше да го предаде пехарот.

Ману погоди за до вечерва актуелниот бранител на трофејот, за екипата на Акхисарспор, потоа Н`Даје утна пенал за Галатасарај, но неговата утка ја коригираа Гумуш, кој погоди од вториот пенал за гигантот, потоа и Фегули и Дијањ.

Клучен момент на мечот со вкупно 11 жолти и еден црвен картон беше исклучувањето на Лопес кај Акхисарспор во 78-мата минута. Со играч помалку, Галатасарај постигна три гола и го освои рекордниот 18-ти пехар во Турскиот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести