Галатасарај го смести и Коби Брајант на трибините за утрешниот меч (Фото)

Првиот меч на Галатасарај на свој терен во време на пандемијата поради Коронавирусот ќе биде посебен. Во Турција не е дозволено да има гледачи на трибините, па Галатасарај како и голем дел од клубовите реши да направи интересен декор за да не изгледаат трибините дека се празни.

Навивачите можеа да си купат место на кое ќе стои нивниот лик на трибините, а еден лик посебно се издвојува. На трибините е истакнат и ликот на легендарниот кошаркар Коби Брајант кој пред пет месеци загина во трагична хеликоптерска несреќа.

Коби беше голем фудбалски фан, а кога во 2011 година беше во Турција, го посети стадионот на Галатасарај и го облече дресот на турскиот гигант. Сега од Галатасарај не го заборавија и решија да му посветат едно место на големиот Коби.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести