Галатасарај забележа значаен триумф над Ливерпул пред својата публика, но гигантот од Истанбул сега се соочува со жестока казна од УЕФА. Причина се низата транспаренти кои беа истакнати на трибините, а беа со поддршка за Палестина и на народот во Газа, нешто што е строго забрането според правилата на УЕФА, па Европската куќа на фудбалот веќе покрена дисциплинска постапка против Галатасарај.
Турскиот шампион сега се соочува со висока парична казна, нешто што не би требало да е преголем проблем за нив, но проблемот може да биде доколку од УЕФА се одлучат за делумно затворање на трибините и играње на следните натпревари со намален капацитет.
Стадионот на Галатасарај важи за еден од најбучните во Европа, ако не е најбучен, па делумното затворање на трибините е казната од која се плаши раководството. Според правилата на УЕФА, истакнувањето на политички пораки е строго забрането.
Galatasaray fans display a banner reading “Free Palestine” in support of Gaza during UEFA Champions League week 2 match between Galatasaray and Liverpool at RAMS Park in Istanbul, Türkiye pic.twitter.com/33AfeahO4C
— Türkiye Today (@turkiyetodaycom) September 30, 2025