Во финишот на летниот преоден рок, турскиот првак Галатасарај доведе уште едно големо засилување. Турскиот гигант ја доби битката за потпис на голманот Угурџан Чакир од Трабзонспорт.
За Чакир се интересираше и Фенербахче, но и некои други европски екипи, а на крајот Галатасарај ја доби битката за неговиот потпис. Искуснио 29-годишен голман прави преселба од Трабзон во Галатасарај за рекорден трансфер на еден голман во турското првенство, вреден 33 милиони евра.
Чакир беше еден од лидерите на Трабозон и омилен на теренот, но реши дека е време за нов предизвик. Од фановите на Трабзонспор се прости со едно емотивно писмо:
„Денес ги пишувам можеби најтешките редови во мојот живот… Ги оставив моите години, соништата и детството во Трабзон, во мојот дом. Во овој дрес кревав трофеи, освојував титули, плачев и се смеев со вас. Но, животот носи тешки одлуки. Сакам да играм во Лигата на шампионите, да започнам ново поглавје со моето семејство и да ја продолжам кариерата во нов правец. Затоа решив да ја прифатам понудата на Галатасарај. Како дете од улиците на овој град, сонував да стојам на голот на мојот клуб. Секој трофеј освоен со Трабзон беше сон што се оствари. Трабзон не е само клуб, тоа е мојата гордост во животот. Заминувам со чист есап, оставајќи го клубот со историски трансфер. Ова не е збогум, ова е само нов пат. Трабзон засекогаш ќе биде во моето срце.“