1951 Галатасарај – Ејупспор (18:00)
Галатасарај никогаш во историјата нема загубено меч од Ејупспор, а само еднаш имаат одиграно нерешено, но вечерва сè освен убедлив триумф на домашните би било големо изненадување. Галатасарај има три бода предност пред Фенербахче и доколку сака да ја зачува предноста, тогаш ќе мора да победи, а нема сомнеж дека ќе успее во тоа.
Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.18)
1091 Хал – Челзи (20:45)
Второлигашот Хал е противникот на Челзи во 1/16-финалето од Англискиот куп, а Сините имаат осум победи по ред против нив. Последниот натпревар помеѓу овие две екипи беше пред шест години, а Хал последен пат остана непоразен против Челзи пред 16 години, односно во 2010 година.
Предлог тип: 2 & 1+I1+II (1.70)
3001 Пиза – Милан (20:45)
Претпоследната екипа на табелата, Пиза, е противникот на Милан во отворањето на 25-тото коло од италијанската Серија А. Црвено-црните имаат заостанување од осум бода зад градскиот ривал Интер, но и натпревар помалку, па доколку сакаат да останат во игра за Скудетото, ќе мора да се вратат со позитивен резултат од ова гостување.
Предлог тип: Х2&13I13II (2.30)
1801 Борусија Дортмунд – Мајнц (20:30)
Борусија Дортмунд е најблискиот следбеник на Баерн Минхен во битката за врвот во Бундеслигата, а вечерва пред својата публика го пречекува Мајнц, кој води борба да го задржи статусот во германската елита. Јасно е дека домашните се фаворити, а три од последните четири натпревари завршуваа најмалку со по три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.25)
5625 Ал Итихад – Ал Феиха (18:30)
Ал-Итихад на првиот меч по заминувањето на Карим Бензема победи со 7-0 во азиската Лига на шампиони против Ал-Гарафа од Катар, а денес ги очекува дуел против Ал-Феиха во домашното првенство. Ал-Итихад има седум победи по ред кога игра на домашен терен против Ал-Феиха, а последен пат не успеале да победат во 2017 година.
Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.16)

