34.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Галатасарај и Базел се најсигурни типови за денес

6028 Галатасарај – Сент Џонстон (20ч, квалификации ЛЕ)

По дебаклот од ПСВ во квалификациите за ЛШ, Галатарасај мора да обезбеди европска есен така што уште во првиот меч ќе го надигра тимот на Сент Џонстон. Подобриот од овој пар во последното квалификациско коло ќе се сретне со Рандерс, а по сите изгледи, тоа ќе биде гигантот од Истанбул.

Квалификациите во Лигата на Европа првпат ги споија овие две екипи, па иако Галата во овој меч ќе влезе со два врзани порази од ПСВ, сега ќе триумфира без многу мака. Сент Џонстон не е во посебно добра форма иако нема пораз во последните пет меча. Гостите четирипати ремизираа, од кои во три меча немаше голови, односно победи само во еден контролен меч со 4-1.

Предлог тип: 1-1 (1.91)

 

6784 Лачи – Андерлехт (19ч, квалификации ЛК)

Андерлехт пред овој меч доведе млад талент на Баерн Минхен, го позајми напаѓачот Џошуа Зиркзи, па доколку е регистриран за средбата, ќе биде од голем значај за белгискиот гигант.

Треба да се знае дека Андерлехт последен пат оствари победа во април годинава, односно се нема радувано во 13 меча во сите натпреварувања, што навестува дека е време да се сменат нештата. Лачи е во подобра форма, но квалитетот е на страната на гостите од Белгија кои треба да ја оправдаат улогата на фаворит.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.15)

 

6788 Војводина – ЛАСК (19ч)

ЛАСК не знае за пораз во последните пет меча, а ремито со Рапид во австрискиот шампионат му прекина низа од четири победи без примен гол.

Војводина е во потурбулентна форма и памети пораз од Партизан во домашното првенство, иако досега во квалификациите има перфектен учинок од две победи.

Според квотите, разликата во квалитетот е голема, но прашање е дали ЛАСК лесно ќе се радува во Нови Сад.

Предлог тип: 1+I & 1+II (1.71)

 

6774 Луцерн – Феенорд (20:30ч, квалификации ЛК)

Последните неколку резултати на Феенорд не ветуваат дека холандскиот тим лесно ќе помине против Луцерн во овој двомеч. Но и домаќините не се во посебно добра форма, а двете екипи покажаа дека имаат разнишани одбрани и голови нема да недостасуваат вечерва.

Феенорд еднаш се сретна со Луцерн пред три години и ја доби контролката со 2-1, па нека има три или повеќе гола и на денешната средба.

Предлог тип: 3+ (1.68)

 

6775 Ујпешт – Базел (21ч, квалификации ЛК)

По турбулентните подготовки, Базел се консолидира и нареди четири победи во кои прими само еден гол, а постигна дури 13. Тоа не се добри вести за Ујпешт, кој унгарското првенство го отвори со пораз од 1-2 од Пушкаш академијата на домашен терен.

Овие две екипи паметат двомеч во ЛШ од далечната 1972 година, во кој Ујпешт беше подобар со вкупен резултат 4-3, но оттогаш се сменија многу генерации, па исходот не игра улога. Треба да се знае дека Ујпешт прими барем еден гол во секој од последните шест меча.

Предлог тип: Т2 3+ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести