Галатасарај потврди дека е доминантен тим во Турција, откако денеска се израдува на трофејот во Купот. Во финалето против Трабзонспор, Галатасарај без многу проблеми победи лесно со 3:0 и стигна до пехарот.
Јилмаз во петата минута погоди за водство на фаворитот, а на почетокот од второто полувреме Осимен зголеми на 2:0. Нигерискиот голгетер го постигна и третиот погодок и тоа во 63 минута за конечни 3:0.
На куп трофеј се радуваше и Шахтар во Украина. Во финалето кое се играше на стадионот во Житомир, Шахтар на пенали го победи Динамо Киев. јармоленко погоди во 44 минута за водство на Динамо, а Елијас израмни на 1:1 во 64 минута.
Потоа мрежите мируваа, па победникот мораше да се реши на пенали. Клучна беше шестата серија. Првите 11 пенали беа реализирани, а Караваев се покажа како трагичар за Динамо и го промаши пеналот кој донесе многу радост за Шахтар Донецк.
| Shakhtar Donetsk have
WON the Ukrainian Cup!It’s the 15th time in their history that they’ve won this trophy. 6-5 win against Dynamo Kyiv on penalties. ✅ pic.twitter.com/ZAWbIzccMe
— EuroFoot (@eurofootcom) May 14, 2025
Големо изненадување се случи во финалето на Купот на Унгарија. Пакс се радуваше на трофејот, откако по подобро изведување на пенали го победи фаворитот Ференцварош.
Пеналите решаваа и во финалето во Русија, а на крајот се радуваа фудбалерите на ЦСКА Москва во дуелот против Зенит.
Куп пехарот во Словенија го освои Целје кој без многу проблеми со 4:0 беше подобар од Копер.