Галатасарај има хет-трик – Нов меч во ЛШ без турски играч во почетен состав

Галатасарај има интересен хет-трик, вечерва во Лигата на шампионите против Реал Мадрид во Истанбул.

Најтрофејниот турски клуб третпат по ред нема домашен играч во стартниот состав во меч од Лигата на шампионите.

Фатих Терим, или како што во Турција го нарекуваат „Императорот“ одлучи повторно да игра со 11 странци, а ги предводи капитенот Муслера, кој е Уругваец.

Уште поинтересно е дека на клупата за резерви има дури шест турски фудбалери, вклучувајќи го и голманот Кочук, а само Фегули е странец.

 

- Оглас -

Најнови вести