Галатасарај испрати одговор откако дозна за „лудиот“ план на Фенербахче

Финалето на Суперкупот во Турција треба да се игра меѓу екипите на Фенербахче и Галатасарај, но сè поверојатно е дека тој дуел нема да го дочека крајот. Од Фенербахче владее големо незадоволство. Челниците на овој клуб најпрво имаа забелешка за судиите што треба да ја делат правдата во финалето, а потоа имаа забелешка и за терминот на одигрување на средбата.

Токму затоа, од Фенербахче смислиле план да го бојкотираат финалето, и тоа на начин да не може да добијат дополнителна казна од Федерацијата. Планот на Фенер е да играат со фудбалери од младинскиот погон, и тоа на теренот да се појават само деветмина играчи, колку што е минимум дозволено за да започне еден натпревар.

Во текот на мечот набрзо треба да се „повредат“ тројца фудбалери и тимот на Фенербахче да остане само со шестмина играчи, што автоматски ќе значи и прекин на мечот.

По дознавањето на ваквото сценарио кое се подготвува, се огласија и од тимот на Галатасарај. Од овој турски гигант најавија дека воопшто нема да се замараат со калкулациите на противникот и дека тие се подготвуваат со цела сила како што треба да биде за едно финале.

- Оглас -

Најнови вести