Галатасарај ќе ја одбрани титулата, со пресврт до три бода против ривалот (Видео)

Галатасарај и оваа сезона ќе биде шампион на Турција. Во дербито на сезоната, во претпоследното коло, истанбулските „црвено-жолти“ го совладаа директниот ривал за титулата Башакшехир со 2-1 и имаат три бода предност и многу подобра гол-разлика. Само чудо може да го спречи Галатасарај да не дојде до 22-рата титула првак на Турција.

Гостите го шокираа Галатасарај со голот на Босанецот Бајиќ во 17-тата минута. Башакшехир водеше со 1-0 и на полувреме, но во вториот дел домашните беа многу подобри. Очигледно е дека тренерот, популарниот „Император“ Фатих Терим, ги мотивираше своите играчи и тие ја израдуваа публиката на „Турк Телеком арената“.

Најпрвин Фегули во 47-ма изедначи на 1-1, па судијата Џунејт Чакир по прегледување на ВАР-снимка поништи два гола за водство, но во 64-тата минута Галатасарај даде регуларен гол, а стрелец беше Онјекуру. Се чини дека тој погодок ќе биде клучен околу освојувачот на титулата за оваа сезона.

Погледнете го голот за победа на Галатасарај:

https://streamable.com/4ji05

- Оглас -

Најнови вести