Галатасарај лани можел да го купи Халанд за пет милиони евра

Турскиот клуб Галатасарај во летото 2018 година водел преговори со Молде за трансфер на Ерлинг Халанд, но на крај не го купи фудбалерот, кој сега игра фантастично во Лигата на шампионите и цената му порасна на 100 милиони.

Халанд има 7 гола на четири меча во ЛШ, сега за него се интересираат повеќе европски големи клубови, а лани цената му била 20 пати помала. Галатасарај се интересирал, но нудел три милиони, па Молде го продаде својот млад напаѓач во Ред Бул Салцбург за пет милиони, што повторно е смешна сума во споредба со сегашната цена на Халанд.

Таткото на Халанд рече дека неговиот син би сакал да игра во Премиер лигата бидејќи младиот напаѓач е роден во Лидс.

„Тој беше фан на Лидс, а ги симпатизираше и Манчестер сити и Нотингaм форест. Но, тоа беше во детството, има голема разлика кога сте само навивач и кога сте професионален играч. Знам дека Ерлинг сака да игра во Премиер лигата, но не знам дали тоа ќе се случи“, вели Алф Инге Халанд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести