Галатасарај му покажа на Трабзонспор зошто има 17 бода повеќе од него (Видео)

Галатасарај како гостин го растури Трабзонспор со 5-1 во дербито на 21-вото коло во турскиот фудбалски шампионат, па сега Галата е на делба на врвот со Фенербахче со по 54 бодови, 17 повеќе од третиот Трабзонспор.

Енис Барди беше стартер кај Трабзонспор и играше до 79-та минута кога на семафорот беше резултатот 1-3. Брзо по излегувањето на Барди, Керем Актуркоглу постигна прекрасен гол за 4-1, а во финишот гостите од Истанбул ја комплетираа „петардата“.

- Оглас -

Најнови вести