Шампионот на Турција, Галатасарај, започна преговори со фудбалските ѕвезди од Премиер лигата, Мохамед Салах и Бернардо Силва.
Во последните години, Галатасарај вложи огромни средства во засилувања. Доаѓањето на Виктор Осимен чинеше 75 милиони евра, а Нигериецот има плата која се доближува до 20 милиони евра нето.
Истанбулскиот гигант потпиша и неколку други врвни имиња, како што се: Лерој Сане, Мауро Икарди и Илкај Гундоган, но клубот не сака тука да застане.
Следното лето би можело да донесе уште два големи трансфери бидејќи раководството на Галатасарај тргна по големите ѕвезди, Мохамед Салах и Бернардо Силва, објави турскиот новинар Али Наџи Кучук.
„Галатасарај започна преговори со Салах и Силва и сакаат да ги имаат во тимот од следната сезона“, изјави Кучук.
Меѓутоа, задачата нема да биде лесна. Се работи за големи ѕвезди со огромен интерес од други клубови. Но, финансиските можности на Галатасарај се доволни за да се впуштат во трката за нивното доведување.
Салах ќе биде малку потежок предизвик. Триесет и тригодишниот Египќанец е цел на Ал-Итихад, а со понудите од Саудиска Арабија навистина е тешко да се конкурира.
Египќанецот е подготвен да го напушти Ливерпул по девет години и сега нему му останува да одлучи каде ќе игра следната сезона.
И Бернардо Силва го носеше дресот на Манчестер сити цели девет години. На крајот од сезоната ќе му истече договорот и ќе биде слободен да бара нов клуб.
Португалецот претходно играше за Монако, а остатокот од кариерата го помина во Бенфика.
Со овие играчи Галатасарај дефинитивно би станал неверојатно силен тим. Во Турција веќе со години нема ривал, а со Салах и Силва многумина би се предале уште пред почетокот на сезоната.
Клубот, секако, сака да направи што е можно повеќе во Европа со цел да се врати денот кога повторно ќе подигне европски пехар, како што беше во 2000 година, кога го освои Купот на УЕФА.

